Информатика
Последен Shout - Постирано од: Слав4о - Понеделник, 22 Фебруари 2010 17:01
Вести

Вести->Новости->Група на хакери го турна Baidu.com   
Група на хакери го турна Baidu.com

Група на хакери го турна Baidu.comГрупата на хакери кои се одговорни за падот на Twitter.com се фокусираше на нова жртва, и тоа кинескиот интернет пребарувач Baidu.com.

Како што јавува кинеска агенција официјално, сајтот Baidu.com одредено време бил недостапен, а во еден момент на главната страна било напишано дека тоа е дело на таканаречената Иранска сајбер армија.

Baidu.com е на пазарот со 50% и е еден од најпопуларните сајтови за пребарувањето на интернет во Кина. Веднаш по нападите, компанијата не била достапна за коментар.

За оваа група првпат се слушна на 18 Декември, кога беше нападнат сајтот Twitter. Овој вид на хакерски напади, популарно наречено "defacing" не е ретка, но нападите врз популарниот Twitter и Baidua се.

Експертите за безбедност велат дека нападите се прават со промена на нс серверите на домените. За времето на нападот Baidu користел нс сервери кои  припаѓаат на HostGator, интернет провајдер од Флорида, наместо нс серверите кои Baidu нормално ги користел.

Слична техника беше користена и кога беше нападнат Twitter, кога истите хакери успеаа да ги изменат НС серверите и посетители да ги пренасочат на друг сервер, каде ја имаше истата порака која била и на Baidu. Поради нападот Twitter не беше достапен повеќе од еден час.




од Слав4о, Сабота, 16 Јануари 2010 17:36, Visits: 245 time/s Коментари(0)
Коментари


 
©2010Информатичари™ Сите права задржани